1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

150811 Republikaner USA

15 август 2011

Во 2012 во САД ќе се избира нов претседател. Републиканците веќе ја започнаа потрагата по кандидати. По традиција можните ривали на Обама се собраа во градот Ејмс на пробни избори кои наликуваа на политички панаѓур.

https://p.dw.com/p/12GhN
Победничката на тест-изборот во Ајова, Мишел БахманФотографија: dapd

Половина година пред првите прелиминарни избори за кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД во рурална Ајова во местото Ејмс традиционално се одржаа првите пробни избори , на кои републиканските гласачи имаат можност да гласаат за своите фаворити.

Притоа се’ едно е што изборот е „купен“ и досега само мал број победници во Ејмс на крајот ја добивале номинацијата од својата партија. Многу кандидати вложија многу пари во оваа манифестација, која наликува на политички панаѓур.

Мишел Бахман - миленичката на „Ти парти“

Barack Obama
На нишанот на сите републикански кандидати: Барак ОбамаФотографија: picture-alliance/dpa

Херман Кејн на пример својот настап го започна со госпел музика. Пет минути овој ден единствениот црномурест кандидат не го користеше неговиот убав баритон за да говори за економијата, работните места и грешките на претседателот Обама , туку за пофалби кон Создавачот. Кој настапува како кандидат во Ејмс мора да им понуди нешто на гласачите.

Миленичката на радикалната фракција „Ти Парти“ Мишел Бахман , единствената жена во трката пак организираше мини концерт на еден христијански рок бенд и на кантри- ѕвездата Ренди Тревис. За време на говорот пред своите приврзеници врз неа паѓаа конфети, се разбира во црвено-бело-плаво- националните бои на САД.

Пред шаторот на Бахман се создаваа најголеми редици.Притоа кај неа нема најдобро јадење, вели една жена. Да во Ејмс гласачите и се нахрануваат. Бахман понуди хот- дог и пире од компири, неколку шатори понатаму пак Тим Поленти нудеше седндвичи со навистина многу месо. Илјадници луѓе од цела Ајова допатуваа , односно беа донесени во Ејмс. Најголемиот дел пристигнаа со чартер-автобуси, резервирани од кандидатите, зашто во суштина манифестацијата во Ејмс е „купен“ избор.

Изборот во Ејсмс е само прв тест

Michele Bachmann Iowa Testwahl Wahl USA Republikaner
Мишел Бахман со своите приврзеници во ЕјмсФотографија: dapd

Кој сака да гласа , треба да има тикет кој чини 30 долари- пари кои се славаат во изборните благајни на Републиканската партија во Ајова. Но речиси никој не ги плаќа самиот овие 30 долари. Имено кандидатите ги превземаат трошоците за сите , кои ќе се регистрираат пред нивните шатори.

За повеќето во Ејмс правилото е јасно: Мојот омилен кандидат ми го плаќа тикетот и го добива мојот глас. Она што за аутсајдерите делува туѓо , не му смета никому во Ејмс.

„Купениот “ избор едноставно е првиот тест за тоа , колку добро се организирани кандидатите, колку добро можат да ги организираат своите приврзеници. Зашто Ајова е Ајова односно сојузната држава полна со евангелистички христијани , истакнува секој кандидат на бината и најостро го осудува абортусот. И се’ разбира сите се против претседателот Обама.

Единствен кој малку се одвојува е 75 годишниот Рон Пол, повеќекратен учесник во трката за претседателската номинација. Тој на пример бара повлекување на сите американски трупи од странство.

Ромни и Пери се силни кандидати, но не дојдоа во Ејмс

Mitt Romney USA Präsidentschaftskandidat Republikaner
Мит Ромни беше во трката за номинацијата за претседателски кандидат и на претходните избориФотографија: AP

Речиси 17 илјади републиканци од Ајова на овој ден го дадоа својот глас. Џералт Грајмс се надева дека ќе победи Тим Поуленти. Со божја помош зашто тој сигурно ќе го одбере вистинскиот кандидат, вели Грајмс. Но, Бог на овој ден очигледно не бил наклонет кон Поуленти. Тој е само трет со големо заостанување пред победничката Мишел Бахман и Рон Пол кој е веднаш зад неа. Неколку часови подоцна Поуленти објави дека се откажува и излегува од трката. Но многумина ќе кажат гласањето во Ејмс е без суштинско значење. Имено, досегашниот фаворит во анкетите Мит Ромни годинава не дојде на манифестацијата во Ејмс а истотака големиот фаворит, гувернеторт од Тексас, Рик Пери се приклучува подоцна кон трката.

Така ултраконзервативната политичарка Мишел Бахман можеше барем на овој ден да се чувствува како кралица на кандидатите и на своите приврзаници уште еднаш да им порача дека ќе му стави крај на владеењето на Барак Обама.

Автор: Сабине Милер/ Симе Недевски

Редактор: Трајче Тосев