1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Конструктивен дијалог“ без приближување

5 јули 2011

Плановите за ракетна одбрана на НАТО и натаму предизвикуваат затегнатост со Русија. Додека во Лисабон лани се чинеше дека ставовите се приблжуваат, сегашниот Совет во Сочи покажа дека разликите и натаму постојат.

https://p.dw.com/p/11pA3
Фотографија: AP GraphicsBank/DW

Дијалогот беше конструктивен, оцени генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен и изрази оптимизам дека може да се најдат решенија и за прашањата по кои постојат разлики. Впрочем, однапред се знаеше дека преку ноќ не би можело да се постигне спогодба околу заеднички систем за ракетна одбрана, смета Расмусен. Тој подвлече, дека благодарение на средбата во Сочи, позициите на двете страни се појасни.

NATO Russland Sotschi
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј ЛавровФотографија: picture-alliance/dpa

И покрај сето разбирање за аргументите на другата страна, не можеше да биде постигната спогодба по прашањето за заеднички систем за против-ракетна одбрана. Русија, во плановите на НАТО, гледа опасност од нарушување на стратешката рамнотежа. НАТО и натаму го одбива предлогот на Русија, подвлече шефот на руската дипломатија Сегеј Лавров. Тој смета дека не е голема тајна, оти двете страни не можат да се договорат околу поделбата на секторите.

Но, не е така само по прашањето за ракетниот штит. НАТО и Русија не успеаја да ги приближат ставовите ниту околу кризата во Либија. Генералниот секретар на Северноатлантската Алијанса Расмусен постојано повторуваше дека ангажманот на НАТО во Либија е во согласност со резолуцијата на ОН, додека рускиот министер Лавров јасно стави до знаење, дека тој поинаку гледа на работите. Лавров притоа се заложи за крај на насилството и враќање на преговарачка маса.

Шансата да не се прокоцка

NATO Russland Sotschi
Генералниот секретар на НАТО Расмусен и рускиот претседател МедведевФотографија: picture-alliance/dpa

Рускиот претседател Дмитриј Медведев на средбата со НАТО амбасадорите на Советот НАТО - Русија повика да не се прокоцка единствената шанса за потесна соработка меѓу двете страни. „Самитот во Лисабон во ноември понуди единствена шанса. Одлуките кои таму беа донесени ги сметаме за многу позитивни. Врз база на овие одлуки може да се создаде стратешко партнерство.“

Основите за такво партнерство веќе се поставени, се вели од двете страни: неодамна беше изведен успешен заеднички воен маневар. Исто така сорботката во Авганистан и во борбата против тероризмот тече добро. Дијалогот меѓу НАТО и Русија треба да биде продолжен и интензивиран, тоа се резултатите од Сочи. Меѓутоа, патот од руското одморалиште до Чикаго (каде треба да се оддржи идниот самит на НАТО во 2012 година) е долг - не само од географски аспект.

Автор: Кристина Нагел/ Александра Трајковска

Редактор: Горан Чутаноски