1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конструктивен самит?

18 мај 2007

ЕУ и Русија сакаат и натаму да ги развиваат економските односи

https://p.dw.com/p/Ans2
Меркел и Путин во Самара
Меркел и Путин во СамараФотографија: AP

Разговорите на Ангела Меркел и Владимир Путин завршија за кратко време. Средбите како што беше најавено почнаа доцна претпладне – рускиот претседател, Владимир Путин не сакал да се откаже од својот утрински фитнес тренинг, а германската канцеларка Ангела Меркел напладне заминува од Самара.

Путин оцени дека разговите биле конструктивни. Постигнати се конкретни договори за основање ново тело за инвестиции и за поедноставување на граничните контроли. Напредок имало и во делот на визите. ЕУ, според претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, е за брз прием на Русија во Светската трговска организација. Русија е единствената економски силна држава која не и припаѓа на СТО, рече Барозо на крајот од самитот во Самара. Тој упати повик за решавање на проблемите меѓу балтичките држави и Москва и за нивна соработка.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, смета дека одржувањето вакви самити е добро за двете страни. ”Добро и важно е да се одржуваат вакви рутински самити меѓу ЕУ со која претседаваме и Русија. Овој самит се одржува во услови кога постојат спорни теми, но и заеднички прашања. Сепак, најголемата вредност на самитот е во тоа што тој овозможува разговор за се. ”

Во предвечерјето на самитот се говореше за кризен самит, зашто во односите меѓу Русија и ЕУ навистина шкрипи. Меркел во Самара пристигна пред се‘ со намера да ги смири работите кои се вжештија во изминатите недели: ”Секогаш е подобро да се разговара еден со друг, отколку да се зборува еден за друг”, вели Меркел.

Во купот прашања кои ќе треба да се решат, се пред се споровите меѓу Москва и новите земји во ЕУ од Источна Европа. Меѓу Естонија и Русија владее ледено доба. Владата во Талин премести еден советски воен споменик од центарот на градот во предградието и го испровоцира Кремљ. Големи разлики во мислењата има и меѓу Полска и Русија. Москва е против плановите на Американците за стационирање анти-ракетен систем во Полска, а Русија исто така веќе една година не дозволува и увоз на полско месо во земјата. Тоа ги лути Полјаците. Двете страни си го отежнуваат животот и

Меркел сака малку да ги олади вжештените расположенија.

Германската канцеларка всушност имаше намера на самитот да го означи заедно со Путин почетокот на новиот договор за партнерство на ЕУ и Русија. Таа, поради проблемите и нерешените прашања, сега во Самара дојде со празни раце.