1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Конструктивна седница“ без конкретни резултати

21 март 2006

Во понеделникот во Њујорк не се постигна пробив во преговорите за иранската атомска програма. Претставниците на петте постојани земји членки на Советот за безбедност и Германија и по повеќечасовната дебата не можеа да се спогодата за заедничка позиција.

https://p.dw.com/p/Ac7x
Советот за безбедност на ОН
Советот за безбедност на ОНФотографија: AP

Приближување на ставовите, пробив или дури консензус изгледаат поинаку. По речиси петчасовни преговори меѓу дипломатите на петте сили во Советот за безбедност со право на вето и Германија, кинсеските претставници исчезнаа преку подземната гаража, а зградата со миолчење ја напушти и заменикот министер за надворешни работи на Русија. На домаќинот, полтиичкиот директор на Велка Британија му остана задачата, непостигнатиот компромис да го изрази со дипломатски зборови и да побара од Иран да соработува со меѓународната заедница.

Ова мислење шесте преговарачи го преставија уште во јануари, а оттогаш работата се врти во круг. Во меѓувреме спорот се прошири и меѓу петте семји со право на вето. Кина и Русија и натаму инсистираат одлуките за кои и да се постапки против Техеран да останат во Виена, во рацете на Меѓународната агенција за атомска енергија. Русија не сака да постои автоматизам во Советот за безбедност, никакви рокови кои би можеле да доведат до брза ескалација.

Во вакви околности, вториот човек во американското министерство за надворешни работи Николас Барнс беше принуден да ги намали очекувањата. Советот за безбедност по прашањето за Иран, нема да донсе спогодба утре, ниту задутре, туку деновиве, истакна Барнс.

Дотогаш потрагата продолжува. Компромисниот документ на Германија, Франција и Велика Британија, исто така беше одбиен од страна на Русија.

Но Европејците, според политичкиот директор на германското министерство за надворешни рабтои, Михаел Шефер, остануваат на нивните предуслови

„Тоа значи, дека и натаму јасно ќе укажеме оти постои неопходност, да се замрзнат сите активности со збогатувањето, односно да се суспендираат, доколку сакаме да се вратиме на патот на преговори.“

За тоа што Русија со молчење си замина од средбата никој не сакаше да каже ниту збор. Дали се предизвика прдвижување во Москва? Тоа на дипломатски германски вака звучи

„Такво нешто не може да се квантифицира, но меѓу редови седницата беше конструктивна.“

Денеска во Советот за безбедност зад затворени врати продолжува дебата за Иран.