1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конференција за миграција и борба против криминалот во Брдо

4 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BmdT

Словенечкиот министер за внатрешни работи Драгутин Мате денеска во Брдо ја отвори 7та регионална конференција за незаконска миграција, организиран криминал, корупција и тероризам. На конференцијата зборуваше и еврокомесарот за правда Франко Фратини кој предупреди дека и покрај специфичностите на поединечни држави кон миграцијата треба да се развива глобален пристап. Конференцијата продолжува со расправа за органзиран криминал во државите на западен Балкан по што ќе следува расправа за меѓукултурен дијалог. На конференцијата учествуваат 20тина министри и високи претставници на министерствата за внатрешни работи на земјите од западен Балкан и ЕУ.