1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конфликтот во Сомалија се заострува

26 декември 2006

Европската и Африканската Унија бараат итно запирање на насилствата во африканската земја

https://p.dw.com/p/Ac0d
Фотографија: AP

Конфликтот во Сомалија натамошно се заострува , откако Етиопија им објави војна на исламистичките милиции во земјата и го бомбардираше аеродромот во главниот град на Сомалија, Могадишу кој е под нивна контрола. Авејс Јусуф , новинар од Сомалија информираше за ситуацијата во Могадишу за африканската програма на ДВ :

” Ситуацијата тука во главниот град е напната . Некои луѓе започнаа да бегаат бидејќи се плашат од нови бомбардирања ма етиопската армија”

Инаку етиопија ја подржува преодната влада на Сомалија , која се повеќе ја губи контролата над земјата . Исламистичките милиции во моментов како што се смета контролираат 80 проценти од територијата на Африканската земја.

Африканската Унија побара итно запирање на насилството во Сомалија . Претседателот на Унијата Алфа Умар Конаре ги повика исламистичките милиции и преодната влада во земјата , да ги запрат борбите и да се вратат на преговарачката маса

Европската Унија ја осуди ескалацијата на насилството и предупреди од можно проширување на борбите во целиот регион околу рогот на Африка . Притоа еврокомесарот за развојна помош Луи Мишел изрази и загриженост поради вклучување на етиопската армија во борбите.