1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конфликтот меѓу владата и ЕВН ескалира

Горан Петрески11 јануари 2009

Македонската влада бара од австриската компанија да го гарантира редовното снабдување на граѓаните со електрична енергија и упатува нови обвинувања за незаконско работење.

https://p.dw.com/p/GW2S
Мора ли да има толку прекини во снабдувањето со електрична енергија? Улицата „Македонија“ во центарот на СкопјеФотографија: DW

Владата на премиерот Никола Груевски побара ЕВН да го почитува законот и да не ја злоупотребува монополската позиција. Австриската компанија што го откупи дистрибутивниот дел од македонското електростопанство треба исто така да се придржува до купопродажниот договор и во врска со инвестициите. Доколку ги реализираше нив, тогаш немаше да дојде до толку испади во системот и до неквалитетно снабдување со електрична енергија на граѓаните, кои трпат голема материјална штета - порачува македонската влада во најновото соопштение.

Владата нема да толерира работење на штета на граѓаните и македонските претпријатија инвеститори само затоа што ЕВН е странски инвеститор. Законите се еднакви за домашните и странските вложувачи во Македонија, се нагласува во соопштението. Тоа е одговор на најавите на компанијата дека побарала помош од централата од Виена. Дел од македонските експерти предупредуваат Македонија да не се впушта во нова авантура и да ги плаши потенцијалните нови инвеститори, кои и’ се итно неопходни.

За спорот меѓу владата и ЕВН повеќе од следниот аудио-прилог.