1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Концерт за спасување на Земјата

6 јули 2007

Денеска (07.07.07) ќе се одржи досега најголемиот музички спектакл: повеќе од 150 уметници на сите континенти ќе привлечат внимание кон заканите од климатските промени.

https://p.dw.com/p/BDLg
Огнен борец за спасување на Земјата: Ал ГорФотографија: AP

Концертите треба да траат 24 часа во сите временски зони на планетава.

„Непријатната вистина„ е насловот на филмот на поранешниот американски потпретседател Ал Гор. Филмот беше иницијалната каписла за концертот Лајв Ерт. Кевин Вол го виде делото наградено со Оскар и се почувствува повикан да направи нешто против глобалното затоплување. Реши да организиара концерт за спасување на планетата Земја:

„Лајв ерт е мојот одговор на Ал Гор. Се надевам дека и многуте други што ќе бидат присутни и самите ќе направат нешто против промената на климата. Тоа е важна глобална тема„.

Лајв Ерт - тоа се 24 часа непрекината музика. Осум концерти на седум континенти. Почнува Сиднеј, на крајот е Њујорк. Меѓу тие два града: Лондон, Токио, Шангај, Рио де Шаниеро, Јоханесбург и Хамбург. Повеќе од 150 музичари ќе ги земат микрофоните: од Мадона, преку Џос Стоун,од Лени Кравиц до комичарот Михаел Митермајер и Полис.

Кевин Вол има искуство за толку големи настани. Организираше досега преку 300 концерти и сите 8 живи на Боб Гелдоф. Со овој последниот додава уште еден:

„Кризата на климата ги минува сите граници, како и овој концерт. Глобалното затоплување е најголемиот предизвик на совремието. Можеме да го решиме ако сите заедно направиме нешто„.

Денешниот концерт, што ќе биде пренесуван преку телевизиите и радијата, не треба да биде само бескрајно долг. Кевин Вол се спои со Ал Гор и неговата организација „Алијанса за заштита на климата„ за концертот вистина да има влијание и да постави сигнали за битка против промената на климата. Поранешниот американски претседател Ал Гор се надева дека концертите ќе предизивикаат бранувања:

„На сите собири, дури и на мали домашни или на музејски празници, ги повикуваме луѓето да го потпишат нашето ветување„.

Ветувањето има 7 точки. Оној што ќе го потпише ветува дека ќе врши притисок во неговата земја во наредните две години да ги потпише догворите за намалување на издувните гасови кои се предизвикувачи на затоплувањето. Секој треба да го намали сопственото исфрлање ЦО2 и да сади стебла. Тоа се некои од ветувањата. Концертот токму треба да придонесе за поголема свест. Критичарите, меѓу нив и Боб Гелдоф, сметаат дека настанот нема конкретна цел. За Ал Гор концертот е само старт за нешто поголемо:

„Мораме да бидеме похрабри и побрзи ако сакаме да победиме во битката против глобалното затоплување. Убеден сум дека ќе победиме. Но, мораме сега нешто да направиме. Почетокот ќе биде токму овој 07.07. 2007„.

Приходите од концертите се наменети за неговата организација „Алијанса за заштита на климата„. Ќе биде предадена и штафета за овој концерт да не биде последен, туку ваквите манифестации да продолжат.