1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Координацијата конечно вроди со плод

19 јули 2010

Власта и опозицијата во Македонија постигнаа конечен договор околу анкетната Комисија која треба да го истражи инцидентот во Собранието на 1 јули.

https://p.dw.com/p/OOxh
Фотографија: Petar Stojanovski

Најнапред претпладнето беше исполнето барањето на опозицијата да се расправа за персоналниот состав на Анкетната комисија а потоа и беа договорени имињата на парламентарците кои ќе членуваат во неа . Пратеникот на ДУИ Хајрула Мисини ќе биде претседател на комисијата а нејзини членови ќе бидат Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ, како и Менде Димевски од СДСМ и Соња Мираковска од НСДП.

Ова го договорија претставниците на владејачкото мнозинство и на опозицијата на денешната координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Седница на крајот на неделата?

На средбата е отворено и прашањето за измените и дополнувањата на собранискиот Деловник.

Инаку расправата за собранискиот Деловник ќе продолжи на утрешната координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељановски

Со ова веројатно ќе се исполни и планот на Вељаноски сите отворени прашања да се преточат во две точки и да се стават на седница до крајот на оваа недела.

Автор: ЕМФ/макфакс

Редактор: Симе Недевски