1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Копии и преводи на лични документи нема да бидат потребни во ЕУ

Кристоф Хаселбах / Александар Методијев26 април 2013

Граѓаните и бизнисмените во Европа треба да заштедат пари со новиот предлог на еврокомесарката за правда Вивиен Рединг, според кој заверени копии и многу преводи на лични документи во иднина нема да бидат потребни.

https://p.dw.com/p/18NQn
Фотографија: picture-alliance/dpa

Европската унија е заеднички пазар на кој граѓаните и фирмите можат најслободно да се движат. Досега барем така е во теоријата. Но, во пракса, оваа слобода е спротивност на теоријата, а причина за тоа е, на пример, бирократијата. Ако некој жител на ЕУ сака да се пресели во друга земја-членка мора пред службените органи да достави извод од книгата на родените или извод од книгата на венчани, што создава непријатно искуство, бидејќи службениците во земјата на преселување често не ги добиваат оригиналните документи, па мораат да се заверуваат копии и да се поднесуваат заверени преводи со службен печат. Со проблеми се соочуваат и малите компании кои делуваат прекугранично. А, сето тоа чини пари, време и нерви.

Поткрепа на ова, со изнесување на бројки, неделава даде и еврокомесарката за правда Вивен Рединг. Според тие податоци, годишно станува збор за 1,4 милиони такви документи и трошоци од околу 330 милиони евра. И целиот тој напор само за, како што рече Луксембуржанката, „да се потврди дека вашиот извод од матичната книга на родените е навистина ваш извод“.

Brautpaar Hochzeit Ring Ringe Hände Heirat
Прифаќањето на документите, каков што е изводот од матичната книга на венчаните, е прашање на доверба меѓу земјитеФотографија: Fotolia/JM Fotografie

Остаток од стари времиња

Во основа земено, според она што во средата (24.04.2013) го претстави Рединг, службите на земјите-членки како што е Финска и Франција меѓусебно се третираат „како да се трети земји, како што е Боцвана или Казахстан“.

Европската комисија сака ова да го промени. Според предлогот на Комисијата, обемните барања за прекугранично признавање треба да отпаднат во случајот на 12 категории на документи. Заверените копии и преводите на официјалните документи ќе бидат непотребни. Службите во нормален случај ќе мораат да ги прифаќаат документите од другите држави по автоматизам. За да се избегнат злоупотребите, Европската комисија ќе побара поголема меѓувладина соработка на службите на земјите-членки. Проблемот на јазикот Европската комисија сака да го олесни со тоа што би се вовеле повеќејазични документи.

Прашање на доверба меѓу една и друга држава

Сегашната пракса ја потсетува Комисијата на времињата кога во нејзините канцеларии беа признавани само оние документи кои беа издавани од министерството за надворешни работи на земјата од која тие потекнувале. Во многу случаи овие времиња се’ уште постојат. Затоа еврокомесарката Рединг неделава повика:

„Како што им веруваме на пресудите донесени во другите земји-членки, така треба да им веруваме и на изводите од матичните книги издадени од државните служби на овие земји, без за тоа да мора да гарантира министерството за надворешни работи, министерството за правда или некој друг државен орган“.

Засега ова е само предлог на Европската комисија, кој би требало „да им го олесни животот на граѓаните и и да ги олесни бизнисите“. За тој предлог да се реализира, Европската комисија ќе мора да го убеди Европскиот парламент и земјите-членки. Во спротивност, иницијативата не би можела да стане стварност.