1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кореја – преговори за обединување

3 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BmC5

Шефовите на држави и влади на двете Кореи и покрај идеолошките разлики се изјаснија за повторно обединување на двете земји како далечна стратешка цел. Претседателите на Северна и Јужна Кореја Ким Јонг Ил и Ро Му Хјун на првите разговори по цели седум години во Пјонгјанг разговарале и за натамошниот развој на меѓусебните економски односи. За попладне по локално време е планиран уште еден билатерален разговор. Северна и Јужна Кореја формално правно гледано се‘ уште се наоѓаат во војна бидејќи сите обиди да се склучи мировен договор по војната од 1950 до 1953-та беа безуспешни.