1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коронавирус: Милиони итна помош од ЕУ за Западен Балкан

СН/агенции
30 март 2020

Европска унија издвои 38 милиони евра помош за Западен Балкан за сузбивање на епидемијата со коронавирусот и за набавка на медицинска опрема, како вентилатори, маски и заштитна опрема, соопшти Европската комисија.

https://p.dw.com/p/3aBoZ
Symbolbild Westbalkan Flaggen (mit EU)
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/Qian Yi

Како дел од глобалниот одговор на појавата на коронавирусот, Европската комисија објави дека ќе издвои како итна поддршка до 38 милиони евра за Западен Балкан за решавање на здравствената состојба, соопшти денеска (30 март) во Брисел,  Комисијата на ЕУ .

Како резултат на тоа, ЕУ ќе им помогне на С. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и на Србија, да ги покријат своите непоходни потреби за медицински помагала и за опрема, како што се вентилатори, лабораториски тестови, маски, очила, наметки и заштитни костуми, за го поддржи нивното закрепнување.

ЕУ, исто така, пренасочи 374 милиони евра од претпристапните фондови за да го помогне општествено-економското закрепнување на западнобалканското подрачје, изјави Ана Писонеро, портпаролка на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи.

Повеќе:

-Дали ЕУ го остави Западен Балкан на цедило во кризата со коронавирусот?

-Мас по одлуката на ЕУ: А сега да им помогнеме да се справат и со коронавирусот

-Западен Балкан, внатрешниот двор на Европа

Тоа вклучува, како што истакна Писонеро, особено потпора за приватниот економски сектор, подобрување на социјалната заштита, со посебна заштита на ранливата група од населението, како и зајакнување на отпорноста во здравството.

Времето е од суштинско значење, велат експертите, а Западен Балкан е помалку отпорен да се справи со тековната криза и со нејзините последици, и му е потребна силна меѓународна поддршка. Заклучно со 29 март, бројот на пријавени случаи од Ковид-19 во шесте држави од Западен Балкан надмина 1.000, при што Србија бележи најмногу, 741 регистрирани случаи и 14 пријавени смртни случаи, додека пак во Македонија има 285 заболени и 7 починати.

Претставничката за печат во Европската комисија соопшти дека ЕУ, исто така, издвоила 140 милиони евра за најнужните потреби за земјите од соседството, Ерменија, Белорусија, Азербеџан, Грузија, Молдавија и Украина, а од своите фондови ќе пренасочи околу 700 милиони евра за да се намалат општествено-економските последици во овие земји.