1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Европската комисија потпиша договор за лек за коронавирус

ЕМФ / дпа
28 јули 2021

Европската комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија Глаксо Смит Клајн за да набави лек против корона.

https://p.dw.com/p/3yBUy
Niederlande | European Medicines Agency EMA
Лекот Стровимаб сѐ уште нема дозвола од ЕМА, проверката е во текФотографија: Peter Dejong/AP/picture alliance

Германија и 15 други земји членки на Европската унија учествуваат на тендерот за купување за лекот Сотровимаб за околу 22.000 третмани, соопшти денеска Европската комисија.

Лекот во моментов е на проверка во Европската агенција за лекови ЕМА. Како што се наведува, со него би можеле да се третираат лесни симптоми на Ковид. Пациентите на коишто не им треба кислородна поддршка, но се изложени на висок ризик од тешко Ковид-заболување, би можеле да профитираат од терапија со овој лек. Студиите коишто се во тек укажуваат дека терапија во рана фаза на болеста би можела да го намали бројот на лица на кои им е неопходен болнички третман.

Согласно договорот, државите на ЕУ би можеле да дојдат до Стровимаб штом лекот добие дозвола од ЕМА или пак доколку добие итна дозвола во одделните земји членки.

Повеќе:

За и против: Задолжителна вакцинација во ЕУ?

Вакцини и мерки - алфа и омега против Делта!

Првите луѓе на ЕУ бараат јасност за потеклото на коронавирусот

Европската комисија на крајот на јуни објави дека во визир има пет лекови против корона кои ветуваат, а меѓу нив беше и Стровимаб. Четири од петте лека содржат т.н. моноклонални антитела. Тие се произведуваат во лабораторија и се со функција да го „разоружаат“ вирусот во случај на зараза. Петтиот лек, Олумиант, ја намалува активноста на имунолошкиот систем и всушност би требало да помага против реума. Неговото дејство на спречување воспаленија би требало, според надежите, да помага и во тешки случаи на Ковид-19.