1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Корупцијата во Македониа е сеуште на загрижувачко ниво

Горан Петрески7 февруари 2007

Земјата е рангирана на високото 105 то место на листата на меѓународната Транспаренси интернешнл во групата со Иран, Либија, Малави и Уганда. Сите земји од регионот освен Албанија стојат подобро од Македонија.

https://p.dw.com/p/AdZT
Фотографија: BilderBox

Лошата слика ќе се обиде да ја поправи новиот состав на антикорупциската комисија. Седумте члена положија заклетва, извршија примопредавање и добија препораки од нивните претходници. Слаѓана Тасева шефица на првиот состав самокритично призна дека резултатите можеле да бидат и подобри.

-Заедничка оценка е дека доколку беше подобра соработката со институциите,ќе имавме и многу поефикасна борба против корупцијата.

Најтежок за откривање и за докажување овој криминал е во сферата на политиката. Политичките партии, финансирањето на изборните кампањи, странските донации, имотот на државните функционери, се посочени како точки на кои треба да се обрати особено внимание. Новите членови на државната антикорупцсика комисија Селами Илми и Мирјана Димовска најавија дека ќе отвораат нови случаи но и оти нема да се откажат од веќе иницираните предмети.

-Се што е започнато од страна на Комисијата,значи се што е започнато од страна на претходната комисија ние работата ја сваќаме штафетно,продолжуваме кон воспоставените стандарди за работа и ние секако ќе ги прифатиме тие стандарди,бидејќи беа успешни.

Еден од последните примери на можна корупција што ги отвори актуелната влада а опозицијата ги прогласи за политичка пресметка е случајот Ер Вардар. Сопствениокот на оваа авиокомпанија обвини дека на членови на ДУИ им платил 250 илјади евра за да добие дозвола да се вклучи во авиобизнисот. Полицијата почна истрага но засега не открива детали. Помошник министерот за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски за Дојче Веле изјави:

-Во моментов во Министереството за внатрешни работи се работи на утврдување на фактичката состојба околу наводите дека тогашните први луѓе на Управата за цивилна воздушна пловидба односно раководството на ДУИ однсоно побарало мито од страна на сосптвеникот на Вардар Ер за да биде доделена дозвола за летање на неговата компанија.

Кон крајот на минатата година Парламентот и ги зголеми ингеренциите на антикорупциската комисија. За поефикасна борба против корупцијата експертите препорачуваат поголема соработка на надлежните институции, поголема транспарентност и јакнење на свеста на граѓаните. Копрупцијата покрај сиромаштијата ја посочуваат како клучна закана за стабилноста на македонското општество.