1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово – Ахтисари

24 март 2007
https://p.dw.com/p/AgL1

Членките на Советот за безбедност на ОН в понеделник ќе го добијат планот на Марти Ахтисари за Косово, соопшти портпаролот на Ахтисари, Реми Дурло. За понеделник, според Дурло, не се планирани никакви консултации, ниту состаноци, туку рпедлогот само ќе им биде достапен на членките на Советот за безбедност и на јавноста. Американскиот државен потсекретар, Николас Барнс, идната недела во Брисел на тема Косов ќе разговара со европските челници. Тој треба да ја нагласи силната американска поддршка за планот на Ахтисари, соопшти Стејт Департментот. Од руското министерство за надворешни работи, пак е соопштено дека Русија смета оти е важно да продолжи преговарачко-дипломатскиот процес за наоѓање компромисно решение за Косово.