1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово - Виена

31 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BZwT

Преговарачката тројка која посредува во решавањето на конфликтот околу статусот на Косово очекува директни разговори на Србија и Косово најбргу што е можно. Двете страни се свесни дека преговарачкиот процес мора да зварши до 10 декември, изјави претстваникот на ЕУ во тројката, Волфганг Ишингер по разговорите што тројката го водеше со делегации на Белград и Приштина во Виена. Како Србите, така и косовските Албанци вчера останаа на нивните досегашни позиции. Преговарачката тројка соопшти дека решавањето на статусот останува врз принципите на Контакт групата и дека не станало збор за поделба на Косово. Наредната средба на тројката со Белград и Приштина треба да се одржи на крајот на септември во Њујорк.