1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Косово: да се живее и работи во поделен град

Вјоса Ќеркини
1 октомври 2020

Митровица на северот од најмладата држава во Европа и 20 години по војната е поделена меѓу Албанци и Срби. Како им е на луѓето кои живеат на едната страна, а работат на другата?

https://p.dw.com/p/3jDN8
10 Jahre Kosovo Unabhängigkeit
Фотографија: DW/DW/Marjan Ognenovski

Реката Ибар која тече низ Митровица дели луѓе од два етникума: на јужната страна живеат Албанци, на северната Срби. 20 години по крајот на војната во Косово градот на северот е и натаму де факто поделен.

Многу граѓани на Митровица никогаш немале храброст да преминат преку мостот кој е затворен за автомобилски сообраќај. Го чуваат тешко вооружени италијански војници и блиндирани возила на КФОР. И натаму силите на НАТО мора да се грижат за мир и стабилност во Косово.

И 12 години по декларацијата на независност на поранешната југословенска провинција Србите на северот од најмладата држава во Европа не ја признаваат владата во главниот град Приштина. Нивното политичкото водство соработува тесно со главниот град на Србија, Белград. 

Кој преминува преку реката од југот на северот, го набљудуваат мажи кои како случајно да се нашле во околни автомобили. Ги гледаат намуртени пешаците, на некои и грубо им дофрлуваат. На северната страна од мостот веќе немате чувство дека сте во Косово: ред црвено-сини-бели знамиња со белиот орел на Србија се наоѓаат на влезот од Северна Митровица, нема знаме на Косово.

Двојазичноста е важна

Дурата Прокши поминува оттаму секој ден. „Секако дека не е баш најубаво чуство кога како Албанец мора да одите на работа на северот," вели оваа 33 годишна преведувачка во разговор за ДВ. Но, Дурата истовремено е свесна: „И Србите од северот го имаат истото чуство кога мора да одат во јужниот дел на Митровица."

Kosovo | Dhurata Prokshi in Mitrovica
Фотографија: Vjosa Cerkini/DW

За оваа година откога Дурата почна да работи во Судот на северот во поделениот град, немало конфликти. За односите со српските колеги вели дека и се добри.

Повеќе:

-„Целта на Србија е да го одолговлекува признавањето на Косово“

-Маршал-Трамповиот план

-Србија - Косово: Историските амбиции на Трамп

Фактот дека го зборува и нејзиниот мајчин јазик, албанскиот но и српскиот и ја олеснува комуникацијата со граѓаните од сите етникуми на Косово. „Во институции како судот нема никакви проблеми кога зборувам албански. Но, ако на северот во кафетерија или ресторан порачате нешто на албански, не сте сигурни како ќе реагираат луѓето таму," објаснува Дурата.

Од север кон југ

На јужниот крај од реката Ибар се вее едно големо црвено знаме со црн орел на средина – државниот симбол на Албанија. Го нема ниту знамето на република Косово.

Тука Милош Вучиниќ редовно ја поминува невидливата граница меѓу српскиот и албанскиот дел од Митровица. Тој работи за една невладина организација со седиште на југот во поделениот град. Претходно, кога беше таму првпат, стравот и неизвесноста го придружуваа секоја минута од неговиот престој, вели овој 23 годишен наставник по англиски јазик за ДВ. "Во истовреме мојата љубопитност не ме напушташе," продолжува Милош, "сакав да дознаам каков е животот во другиот дел на Митровица.„

Kosovo | Milosh Vucinic in Mitrovica
Фотографија: Vjosa Cerkini/DW

Со англиски јазик се избегнува конфликт

Милош не зборува албански, па секогаш кога е во јужниот дел од градот комуницира на англиски. Странскиот јазик нуди безбедност и се избегнуваат конфликти „На работа имам неколку другари Албанци со кои понекогаш пијам кафе. Беа изненадени кога им кажав дека до тогаш никогаш претходно не сум бил во јужниот дел од Митровица. Тие прво ми ја покажаа северна Митровица, а потоа Приштина," раскажува Милош.

Последиците од поделбата на градот најмногу ги погодија младите Срби на северот, смета Милош. „Копнеете за живот без ограничувања и сакате професионално да напредувате. На северот речиси и да нема можности за тоа. Се надеваме дека во иднина работите конечно ќе се подобрат."


 

 

Вјоса Ќеркини
Вјоса Ќеркини Се занимава главно со теми од Косово, другите балкански земји и нивните односи со Западот