1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово – Контакт група

3 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag7s

Земјите членки на Контакт групата за Косово денеска во Лондон ќе разговараат за наредните чекори во процесот на решавање на статусот на покраината. Според дипломатски извори во Брисел, треба да стане збор за клучните елементи на нацртот на новата резолуција на Советот за безбедност за Косово. Во усниот извештај пред Советот за безбедност околу резултатите од мисијата на ОН во Србија и Косово, шефот на мисијата Јохан Вербеке, вчеравечер изјави дека ставовите на двете страни се и натаму многу оддалечени. Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, уште еднаш повтори дека на Косово треба да се направи уште многу за да се овозможи нормален живот. Според него, меѓународната заедница треба прво да обезбеди имплементација на резолуцијата 1244, а потоа да продолжи натаму.