1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово – Контакт група

3 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag86

Контакт групата за Косово денеска во Лондон ќе разговараат за наредните чекори во процесот на решавање на статусот на покраината. Според дипломатски извори во брисел, треб ада стане збор за клучните елементи на нацртот на новата резолуција на Советот за безбедност за Косово. Во усниот извештај пред Советот за безбедност околу резултатите од мисијата на ОН во Србија и Косово, шефот на мисијата Јохан Вербеке, вчеравечер изјави дека ставовите на двете страни се и натаму многу оддалечени. Според Вербеке, мисијата на ОН за време на посетата на регионот дошла до информации од прва рака и јасно е дека косовското прашање е конкретна реалност, а не апстрактен проблем. Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, уште еднаш повтори дека на Косово треба да се направи уште многу за да се овозможи нормален живот. Според него, меѓународната заедница треба прво да обезбеди имплементација на резолуцијата 1244, а потоа да продолжи натаму.

Кога Советот за безбедност ќе го разгледува писмениот извештај на мисијата на ОН за ситуацијата на Косово не е утврдено.