1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово – преговарачка тројка

11 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BT9O

Преговарачката тројка на Контакт групата денеска попладне во Приштина треба да води разговори со највиските претставници на косовските Албанци, УНМИК и КФОР околу идниот статус на Косово. Тројката што ја сочинуваат претставниците на ЕУ, САД и Русија, Волфганг Ишингер, Френк Визнер и Александар Боцан Харченко, во недела ќе има средба и со претставници на косовските Срби. Тројката во Приштина доаѓа по посетата на Белград, вчера попладне, каде меѓународните преговарачи дадоа уверување дека ќе направат се‘ за да се пронајде решение за идниот статус на Косово, кое ќе биде прифатливо за сите страни.