1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово - САД

8 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bdru

САД се подготвени еднострано да ја признаат независноста на Косово доколку Советот за безбедност на ОН не постигне консензус по тоа прашање, изјави помошникот американски државен секретар, Курт Вокер. Според него, сите во овој момент мора да ја преземат својата одговорност за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот. Вокер, сепак, изрази надеж дека статусот на Косово ќе се реши со што поголем договор на двете страни и доколку е можно во рамки на Советот за безбедност. Српскиот премиер, Воислав Коштуница, во реакција на изјавите на Вокер, нагласи дека српската влада го предупредила Советот за безбедност дека по изјавите на Вокер е загрозена територијалната целина на Србија. Во соопштение на премиерот Коштуница се вели дека српската влада очекува од Советот за безбедност да преземе соодветни мерки за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија и целосно почитување на Резолуцијата 1244. Портпаролот на косовскиот премиер, Авни Арифи,пак, денеска изјави дека косовската влада ја поздравува изјавата на Вокер зашто е јасно дека не може да има бескрајни преговори за нешто за што е многу тешко да се најде решение со консензус на Белград и Приштина.