1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово-Совет за безбедност на ОН

4 април 2007
https://p.dw.com/p/AgH6

Сегашниот претседавач со Советот за безбедност на ОН,Емир Џоунс Пери не очекува скор договор во врска со спорниот план за независност на Косово.Во Советот нема да има скоро гласање,изјави британскиот амбасадор во Светската организација синоќа по првата дебата за планот на специјалниот пратеник за Косово, Марти Ахтисари.Неговиот план предвидува ограничена независност на покраината со мнозинско албанско население,надгледувана од ЕУ.Русија го критикуваше предлогот стравувајќи дека Косово може да биде пример и за сепаратистите на нејзина територија.