1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово

29 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BZBz

Идниот статус на Косово е во средиштето на разговорите што германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг, од денеска до петок ќе ги води во Хрватска, Македонија, Албанија и на Косово. Вчера, холандскиот министер за надворешни работи, Максим Верхаген, во Приштина изјави дека за Холандија е прифатлива секоја опција за идниот статус на Косово за која ќе постигнат согласност Белград и Приштина, вклучувајќи и поделба на покраината. Изјавите на Верхаген предизвикаа остри реакции во Приштина. Косовскиот премиер, Агим Чеку рече дека поделба на Косово нема да биде прифатена никогаш. Чеку, уште, како што пренесува српскиот весник “Политика“ за словенечката телевизија изјавил дека премиерот на таа земја, Јанез Јанша, му ветил дека Словенија меѓу првите ќе го признае независно Косово, доколку во ЕУ не биде постигната согласност околу независноста на покраината.