1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косовскиот преговарачки тим отвори канцеларија во Њујорк без дозвола на УНМИК

7 април 2007
https://p.dw.com/p/AgGB

Косовскиот преговарачки тим без дозвола на УНМИК отвори канцеларија во Њујорк за лобирање за независност на Косово, објави денеска приштинскиот дневен весник Коха Диторе. Координаторот на канцеларијата Блерим Шалја за весникот истакна дека тоа било привремено дипломатско преставништво и затоа не е потребно да се бара привремена дозвола од УНМИК.

Согласно резолуцијата 1244 на ОН, косовските институции немаат право да отвараат дипломатски канцеларии ниту да воспоставуваат какви било дипломатски врски.