1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косовските Срби добија ветување - ќе се бара компромисно решение за Косово

12 август 2007

Средба со косовските Срби беше последна на агендата на меѓународната посредничка тројка на Контакт Групата која деновиве е во регионот. Пораката гласи – од Белград и Приштина бараме консензус.

https://p.dw.com/p/BTP3
Оливер ИвановиќФотографија: AP

Косовските Срби од посредничката Тројка за Косово добиле гаранции дека за статусот на покраината ќе бараат компромисно решение.

“Нема прејудицирање на статусот и де факто нема ограничување на роковите. Тројката по 120 дена ќе го претстави својот извештај, но тоа не значи и завршување на процесот”, изјави претставникот на Српската листа за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ, по состанокот со меѓунардоните посредници.

“Повеќе од очигледно е дека овој процес ќе трае и се надеваме дека ќе дојде до некакво приближување на ставовите. Во спротивно нема компромис и нема решение”, додаде Ивановиќ.

Претставниците на ЕУ, САД и Русија, Волфганг Ишингер, Френк Визнер и Александар Боцан Харченко со овие средби ја завршуваат посетата на Косово. Најавената завршна прес конференција е откажана во последен момент. Тројката вчера во Приштина разговараше со претставниците на УНМИК, КФОР и косовските Албанци.

По средбите тие изјавија дека нема да ги изнесуваат нивните идеи за решавањето на статусот на Косово, туку дека исистираат на консензус од Белград и Приштина.

“Како посредничка Тројка ние сме тука дојдени да градиме мостови и да пронајдеме пат за консензус во регионот, во интерес на мирот”, изјави американскиот претставник Франк Визнер. Тој додаде дека разговорите водени во петокот во Белград и овие во Приштина се почеток на дискусијата за статусот на Косово.

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу кој во име на преговарачкиот тим на Тројката им ја претстави нивната платформа изјави:

“Нема преговори за независноста и територијалниот интегритет на Косово”, рече Сејдиу. Тој додаде дека Косово се залага за добри односи со сите соседни земји, вклучувајќи ја и Србија како и дека Приштина ја уверила Тројката дека ќе им бидат загарантирани правата на малцинствата.