1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косовските Срби ја обвинуваат власта за предавство

ЕМФ/бета10 мај 2013

Претставниците на косовските Срби и владици на СПЦ денеска (10.05) ја обвинија српската власт за предавство и и‘ порачаа дека нема договор за „предавство на Косово, туку само за негова одбрана“.

https://p.dw.com/p/18VO8
Фотографија: picture-alliance/dpa

Под мотото „Остануваме во Србија“, косовските Срби денеска во Белград одржуваат протест против договорот потпишан меѓу премиерите на Србија и на Косово, Дачиќ и Тачи, за нормализација на односите.

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије на почетокот на собирот рече дека се моли за простување на гревовите, намерни и ненамерни, на Владата и Парламентот. Владиката во пензија Атанасије, зборувајќи за државниот врв на Србија, рече дека „тројцата на власт се предавници кои веруваат во гаранциите на НАТО“.

Претседателот на општина Зубин поток, Славиша Ристиќ, ја обвини српската власт дека има намера да го „продаде Косово и српскиот народ“ кој живее таму. Според Ристиќ, власта во Белград со косовските Срби не може да се договара за „предавство на Косово, туку само за негова одбрана“. Тој ги повика сите партии и здруженија кои се против договор за нормализација со Приштина да се обединат и на Видовден, на 28 јуни, да дојдат повторно, но во Белград, а не за Газиместан, затоа што „Косово по толку векови е нападнато во Белград, а не на Газиместан“.