Коштуница одбива преговори со цел за независно Косово
15 јуни 2007Реклама
Српскиот премиер Воислав Коштуница на денешната средба со италијанскиот министер за надворешни работи Масимо Д’Алема го отфрлил предлогот Белград и Приштина да продолжат со преговори чија цел би била независност на Косово. Коштуница не прифаќа преговарачки процес на било каков начин условен со прифаќање независност на Косово.