1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коштуница-Србија со право огорчена на изјавите на Буш

11 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AqTA

САД мораат да пронајдат друг начин за изразување на својата наклонетост и љубов кон Албанците наместо да им подаруваат српски територии- реагираше денеска на изјавите на претседателот Буш во Тирана и во Софија , српскиот премиер Воислав Коштуница . Според него Србија е со право огорчена на американската политика на американската политика спрема решавањето на прашањето на Косово и Метохија. Косовскиот премиер Агим Чкеку ја поздрави изјавата и ги повика косовските Албанци да го обезбедат мирот во покраината додека растат напорите за остварување на независноста.Европската Комисија пак денеска го повтори ставот дека одлуката за идниот статус на Косово мора да биде донесена во Советот за безбедност на ОН.