1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е Кими Раиконен?

22 октомври 2007

Кими Раиконен ја освои својата прва титула во драматичното финале на сезоната во Сао Паоло, каде ја забележа шестата победа во сезоната. Својот сон го оствари во својата дебитантска сезона како возач на Ферари

https://p.dw.com/p/BtOj
Славеничка поза на Кими на една од годинешните тркиФотографија: AP

Молчеливиот финец ја оствари својата цел. По двете втори места во 2003 и 2005 година, тој ја освои првата титула во формула еден. 28 годишниот Раиконен минатата сезона од Мекларен Мерцедес премина во Ферари како наследник на пензионираниот Михаел Шумахер.

Во средината на јули кога Раиконен заостануваше 26 бодови за Луис Хамилтон во трката за титулата, за момент како да се повлече, за кратко потоа да влезе во фуриозна трка. Неговата шеста победа во Сао Паоло му ја донесе титулата светски првак.

Кими Раиконен доаѓа од фамилија позната во мотоспортот. Првите искуства на моќните машини тој ги стекнал уште на 11 годишна возраст, во автомобилот на неговиот постар брат Рами, инаку успешен рели возач. Кими подоцна напредувал во картинг натпреварите и разни јуниорски класи.

Првото искуство во формула еден тој го стекна како тест возач во тимот на Заубер во 2000 година. Неговиот тогашен тимски шеф, швајцарецот Петер Заубер, го нарече Кими како талент на столетието. Веќе во 2002 тој преминува во Мекларен Мерцедес по стапките на својот сонародник Мика Хакинен, кој во 1998 и 1999 ги освои двете титули светски првак како возач на сребрената стрела.

Раиконен на двапати беше вицепрвак. Во 2003 зад Михаел Шумахер, во 2005 зад Фернандо Алонзо. Со својата прва титула, во првата сезона како возач на Ферари Хакинен, тој го достигна врвот во автомобилскиот спорт.

Со ова се забораваат неговите чести испади надвор од тркачките патеки поврзани со алкохолот. Еднаш во пијана состојба тој скокна од својата јахта во вода. Кими Раиконен од 2004 година е во брак со Џени Далман поранешна мис на Скандинавија.