Кој е кој на изборите во Франција

Кој е кој на изборите во Франција

Емануел Макрон

Макрон поднесе оставка како министер за економија во август, а независната трка по претседателската функција ја започна во ноември. 39-годишниот центрист формираше и сопствено политичко движење En Marche (Напред), и се смета за реформатор. Иако никогаш не бил избран на некоја функција, анкетите му предвидуваат конечна победа.

Кој е кој на изборите во Франција

Марин Ле Пен

Лидерката на Националниот фронт усвои по умерен тон од нејзиниот татко, основачот на партијата Жан-Мари Ле Пен. Но, таа сѐ уште држи остра линија против имиграцијата, и најавува дека ќе им забрани пристап до јавното образование на децата на илегалните мигранти. Таа сака да ја повлече Франција од еврозоната и да свика референдум за членството во ЕУ.

Кој е кој на изборите во Франција

Франсоа Фијон

Изненадувачки победник на внатрепартиската трка кај Републиканците. Социјално конзервативниот Фијон ги претставува интересите на француската католичка средна класа. Почитувач на делото на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, тој поддржува либерална економска политика. Повеќе скандали му го отежнуваат успехот во кампањата.

Кој е кој на изборите во Франција

Беноа Хамон

Во пресметката со поранешниот премиер Мануел Валс во Социјалистичката партија, Хамон беше полевичарски настроен. 49-годишниот политичар поддржува минимална плата и ветува намалување на работната недела. Се залага и за зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија. Ќе има тешка задача затоа што многу социјалисти веќе му изразија поддршка на Макрон.

Кој е кој на изборите во Франција

Жан-Лик Меланшон

Кандидатот на Партијата на Левицата заврши на четврто место на претседателските избори во 2012 година. Меланшон е актуелен пратеник во Европскиот парламент и верува дека економскиот либерализам на ЕУ ја уништува Франција. Со поддршка од Комунистичката партија, Меланшон ветува скратена работна недела и заштита на климата.

Французите бираат нов претседател на државата. Победникот не се очекува да биде познат по првиот круг на 23 април. Клучната битка ќе се води на 7 мај. Ова се главните кандидати.

Следете нѐ