1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој се буни јаде ќотек

14 јуни 2006

Најголемата брана во светот се наоѓа во Кина, на Јангце. Во мај годинава беше завршена, од 2008 треба да произведува 20 милиони киловат-часови. Изградбата беше поврзана и со иселување на милион луѓе

https://p.dw.com/p/Ae0w
Големата брана бараше и жртви. А, кој се буни...
Големата брана бараше и жртви. А, кој се буни...Фотографија: AP

Некои и се бунеа, а од еден од нив на својот грб ја почувствува безмилосната политика на кинеското раководство:

Фу Хсинчаи е селанец. Роден е токму покрај најголемата кинеска река Јангце. Таму одрасна, одеше на училиште, таму работеше на полињата. 8 ноември 1997 година му го промени животот. Со паролата „Кога човекот сака може да го смени и небото„ започна изградбата на браната. Милион и 300 илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови. Владата вети обесштетување. Селанецот Фу стана еколошки активист и почна да протестира:

„Се жалев кај владата. Повеќе од 50 пати бев таму. Во сите бироа за петиции постојат информации за мене. Дури и врховниот суд ме познава. Но, никој не ми помогна. Ми се закануваа и ме тепаа„.

Ова Фу го раскажа пред неколку недели. Сега лежи во болница, што се дозна вчера. Откако даде интервју за германската телевизија АРД за неисполнувањето на ветувањата за обесштетување, бил повикан на полициско сослушување. На враќање Фу Хсинчаи бил нападнат со тежок предмет од грб од непознато лице. Според информациите на Хјуман рајтс во Кина, скрешни му се вратните пршлени, и е парализиран од рамената нагоре. Портпаролката на кинеската влада Јуанг Ју нема поим:

„Немам подробрности за случајот. Кина има свои закони. Се ќе се одвива според законите. Кинеските луѓе уживаат човекови права и слободи. Секој граѓанин мора да ги почитува нашите правила и закони„.