1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој создава тензии на Косово?

Зулфија Јакупи/ Симе Недевски30 март 2012

Косовските Срби се огорчени од акциите на косовската полиција во кои уапси голем број Срби кои работат во српски институции на Косово. Полицијата вели дека постапува во согласност со уставот и законите.

https://p.dw.com/p/14VAX
Фотографија: picture-alliance/dpa

Косовската полиција подготвува оперативен план за запирање на организацијата на српските избори на територијата на Косово соопшти косовското министерство за внатрешни работи. Тоа истакнува дека ќе бидат искористени сите уставни и правни сретства, за да се спречи организирање на српските локални избори на Косово кои се нелегални и во спротивност со меѓународното право.

„Оперативните акции на косовската полиција, односно апсењето на лица и челници на српските незаконски институции е во целост со позициите на институциите на Република Косово во врска со овие нелегални избори“, се наведува во соопштението. Косовското МВР наведува дека Србите се уапсени поради тоа што носеле изборен материјал со што го прекршиле уставниот поредок на Косово, а не затоа што припаѓаат на една етничка заедница.

Тачи провоцира“

Иако е против оддржување на српските локални избори на Косово , Рада Трајковиќ, пратеничка од „Единствената српска листа“ во косовскиот парламент , мисли сосема спротивно. таа вели дека во последниве денови косовските Срби се уапсени само поради нивната едничка припадност и оти ваквите настани би можеле да ја дестабилизираат состојбата:

Kosovo Rada Trajkovic
Рада Трајковиќ, пратеничка од „Единствената српска листа“ во косовскиот парламентФотографија: picture-alliance/dpa/dpaweb

„јас мислам дека тоа води кон дестабилизација и ширење нестабилност од Македонија и на југот на централна Србија и секако на Поморавјето. Хашим Тачи го провоцира тоа и очекува реакција од Србија за да може да го прошири судирот. Тачи го прави тоа најнепосредно, бидејќи апсењето на повеќе од 20 Срби за неполн месец навистина ја надмина секоја мерка, бидејќи најголемиот проблем и најголемата вина во суштина лежи во тоа дека нашата етничка припадност е проблематична“, вели Рада Трајковиќ.

Белград ги лаже косовските Срби“

Од другастрана , политичкиот аналитичар Азем Власи истакнува дека косовската полиција има право да приведува луѓе кои фалсификувале нелегални избирачки списоци или гласачки ливчиња. Според неговото мислење нема потреба да се креваат врева околу тоа.

Symbolbild Spannung an Grenze Kosovo Serbien Symbolbild ARCHIV
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Бидејќи државата Србија ги лаже и мами граѓаните од српска националност од Косово , дека тие можат да гласаат за некакви свои локални институции и што се случува тогаш? Имаме локални институции произлезени од изборите на Косово, еве ги имаме во Грачаница, во Штрпце во Клокот... и потоа некои други кои произлегле од српски избори. Кому му служи тоа локално двовластие на Косово? Тоа не е во интерес ниту на Србите. Во Белград ги лажат и конечно граѓаните на Косово од српска националност треба да го сфатат тоа.“

Власи додава дека однесувањето на Србија околу локалните избори има впрочем за цел составање напрегнатост и непочитување на досега постигнатите договори во Брисел за време на техничкиот дијалог меѓу Приштина и Белград.

„Србија доби статус на кандидат за членство во ЕУ и мисли дека може да продолжи по старо и тоа и натаму ќе го прави. Тоа е таа приказна околу локалните избори, а не дали Србите имаат права или не, дали се загрозени или не. Тие имаат право да излезат на избори кои ги организира Косово, но никако на оние кои ги организира Србија на територијата на Косово“, вели Власи.