1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Краток спој“ кај соларната струја во Германија

4 март 2012

Градењето соларни енергетски постројки во Германија е субвенционирано од државата. Тоа придонесе за успешен пробив на „соларната“ струја. Владата сега сака да ја намалува поддршката за тој вид енергија.

https://p.dw.com/p/14DGq
Фотографија: SolarArchitektur/Rolf Disch

Германија ја помина изразито студената зима без недостиг на електрична енергија. Напротив, во февруари секој ден извезуваше струја во соседството, нагласува сојузниот министер за екологија Норберт Ретген. Во Европа се прашуваат - како и’ успеа тоа на Германија, кога претходно исклучи од погон дури седум атомски централи? Одговорот е недвосмислен: благодарение на долготрајното сончево и ветровито време. Постројките на соларен погон инсталирани во Германија во најдобар случај можат да произведат 25 илјади мегавати електрична енергија, што е соодветно на производство на струја од 18 атомски електрани!

Германската приказна за енергија од обновливи извори е успешна приказна - постојано и со задоволство повторува министерот. Градењето соодветни постројки, според Ретген, се одвива динамично, сигурноста во снабдувањето е голема и земјата, и покрај големиот студ, со месеци произведува вишок на електрична енергија. Тоа ги одржува и цените стабилни. За споредба, базичната цена на берзата за струја во Германија пред една недела изнесуваше 41 евро, во Франција 69, а во Швајцарија 74.

Beschreibung: Solarpark Schlagwörter: Energie, Energiegewinnung, Erneuerbare Energie, Erneuerbare Energien, Fotovoltaik, High Performance Mover, Landschaft, Mover, Natur, Park, Photovoltaik, Solarkollektoren, Solarkraftwerke, Solarzellen, Solon-Mover, Sonne, Sonnenenergie, Wiese, erneuerbar, Solarenergie ACHTUNG! BEI VERWENDUNG: Bitte schicken Sie ein Belegexemplar an: Bundesministerium für Umwelt, Naturschutz und Reaktorsicherheit (BMU), Referat Öffentlichkeitsarbeit / Internetredaktion, D - 11055 Berlin E-Mail: internetredaktion@bmu.bund.de
Фотографија: BMU / Bernd Müller

Високи гаранции за соларната енергија

Сепак, ситуацијата не е сосем непроблематична. Сојузната влада пред се’ има главоболка со соларните постројки. Тие, како и другите постројки за обновливи енергии, се финансирани од потрошувачите на струја преку еколошка такса. Тоа е регулирано со Законот за обновливи енергии, кој им дава на производителите 20-годишна гаранција за премија за испорачаната енергија.

Цените на соларните постројки значително паднаа, па за се’ поголем број сопственици стана атрактивно да си монтираат такви на покривот од куќата. Се’ повеќе земјоделци поставуваат соларни постројки на запуштено обработливо земјиште. Управувачот со тие постројки добива до 24 центи за киловатчас струја од електродистрибутивните претпријатија, кои се обврзани во мрежата да ја прифатат соларната струја. Разликата помеѓу стапката на премирање и пазарната цена на струјата ја плаќаат потрошувачите. Колку повеќе соларна струја влегува со системот, толку се повисоки сметките за потрошената електрична енергија.

Во иднина - соларна струја под пазарни услови

Уделот на соларната во обновливите енергии изнесува 20 проценти, но за неа одат повеќе од половина од вкупните со законот предвидени средства за субвенционирање на обновливите енергии. За да не продолжи да расте таа сума, владата сега сака да го намали субвенционирањето на соларната енергија. Намерата е веќе од 9 март да се ограничи субвенционирањето на максимално 19,5 центи за киловатчас, а од јули ќе следува и уште од порано планираното намалување за 15 проценти. Практично, во споредба со 2009 година, стапката би била преполовена и треба и натамошно континурано да опаѓа.

Соларната струја е недвосмислено технологија на денешнината со големи извозни шанси, но цел на владата е таа побргу од очекуваното сама да се финансира со пазарни цени, нагласува министерот Ретген. Во иднина со гарантираните цени ќе бидат прифатени 90 проценти од произведената соларна струја, а од малите постројки 85 проценти. Тој што управува со постројките мора преостанатиот дел самиот да го потроши или да го продава.

Solarenergie Stromkosten Photovoltaik Photon
Фотографија: Pablo Araneda Pèrez/photon-pictures.com

Критики за намерите на владата

Ретген нагласува дека во претходниот легислативен период имало „недвосмислено преголема подршка за соларната струја, а не може ништо ретроактивно да се промени поради законски утврдените обврски“. Експерти ги проценуваат досегашните трошоците за тие субвенции на околу 100 милијарди евра.

Плановите на владата за намалување на субвенциите за соларната струја наидуваат на критика кај соларната бранша и еколошките здруженија - првите во тоа гледаат опасност за работните места, а другите фијаско за иднината на снабдувањето со електрична енергија и закана за еден од столбовите на пресвртот во енергетската политика.

Германија е за поголема енергетска ефикасност во ЕУ

Сојузната влада не само што сака да го новелира Законот за обновливи енергии, туку сака и натамошно да ја потткинува енергетската ефективност. Притоа е соочена и со директивата на Комисијата на ЕУ, која на електродистрибутерите им пропишува годишно за 1,5 проценти да ја намалуваат продажбата на струја. Германскиот министер за стопанство Филип Реслер тоа го означува како „планско стопанство“, што германската влада не сака да го подржи. Наместо тоа, цел на владата е донесување директива за подобрување на ефикасноста на користењето на енергијата за 20 проценти до 2020 година. На земјите- членки би им било препуштено самите да си го определат патот за постигнување на таа цел.

Автор: Забине Кинкарц/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска