1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Крајот на германскaта „леснотија“ во корона кризата

25 септември 2020

Германците долго мислеа дека корона пандемијата ја имаат под контрола. И се препуштија на чувството дека најлошото поминало. Дотолку потешко може да биде сега да се справат со втор бран, смета Јенс Турау.

https://p.dw.com/p/3j09p
Coronavirus | Deutschland Köln Einkaufsstraße Schildergasse
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker

Колку често ја пишувавме таа реченуца во изминатите месеци? Во текстови, коментари, интервјуа? Дека Германија релативно добро помина во корона пандемијата. Дека владата генерално дејствуваше разумно и присебно. Дека пандемијата покажала колку германските  болници, здравствени служби и општини имаат капацитет.

Сѐ тоа важи и сега, но полека се прикрадува и чувство на загрозеност. Вчудоневидувачки е дека канцеларката Меркел во доверлив разговор со новинари зборувала за нејзината загриженост дека лекомислената младина и зимата би можеле да го уништат досегашниот успех. Уште поизненадувачки е дека таквите искази дојдоа до јавноста. 

Незадоволната канцеларка

Веќе со денови нетрпеливоста на шефицата на владата е тема во главниот град Берлин: нејзиното незадоволство од многуте различни корона-мерки во покраините, идејата за одржување на Божиќните пазари наспроти предупредувањата од експертите. Дополнително и предупредувањето на вирологот Кристијан Дростен, од пред неколку недели кое соодветно се вклопува во актуелната дебата – дека Германија не е ништо подобро подготвена од другите земји за вториот бран. Актуелната ситуација го отсликува тоа.

Thurau Jens Kommentarbild App
Јенс Турау

Сите официјални лица сепак велат дека здравствениот систем добро се носи со зголемениот број на заразени. И сите истражувања како и претходно покажуваат висок степен на одобрување на корона-политиката на сојузно и покраинско ниво. Тогаш зошто е загрижена канцеларката?

Како и во многу други политички области, тоа е стравот од нова поделба во општеството поради пандемијата. И тоа не се однесува на грубите изјави на десните популисти за крај на граѓанските права и слободата. Расколот е одамна на друго место: надвор од здравиот разум на одредени места може до 10.000 луѓе да следат фудбалски натпревари, додека истовремено роднините на пациентите на смртна постела се борат за правото на посета во клиниките и старечките домови.

Повеќе:

Коронавирус: Германија ќе ги откаже и Божиќните пазари?

Германија ја прошири листата на корона-ризични региони

Германија планира нови корона-мерки спроти сезоната на грип

Коронавирус: Може ли Европа да избегне втор целосен карантин?

Дел од учениците мора да носат маски на настава, други не – сѐ зависи од регионот. Рестораните и терасите се полни како и секогаш на крајот од летото, дел од луѓето држат дистанца, но дел не, дел носат маски, дел не – како во паралелен свет. А во фабриките, канцелариите и јавните установи луѓето доживуваат еден сосем друг свет – свет, во кој корона-прописите не се олабавуваат.

Втор локдаун“ е неразумен

Сето ова го неизмерно го оптоварува трпението и солидарноста на луѓето, а го влошува и фактот што политичарите се свесни дека е неразумно во стопанството, културата и општеството повторно да запре сѐ како во март. Тоа беше тешко, но доведе до едно нешто: чуството дека прописите се однесуваат за сите подеднакво.

Вистина е дека досега сојузните властите во Германија добро се справуваат со пандемијата. Мекленбург Предна Померанија со помал број заразени можеше да реагира поинаку од Баварија со поголем број инфицирани. Но, сега е потребно нешто заедничко и препознатливо. За да не се изгуби најважното нешто кое ни е сега потребно за успешна борба против епидемијата: дух на заедништво и солидарност на сите граѓани. Овде спаѓа и тоа да не се заборави она за кое се ракоплескаше на балконите пролетоска и кое беше ветено од политичарите: конечно повеќе и подобро платен персонал во клиниките, јавната администрација и супермаркетите.

Канцеларката сака да ги повика покраинските премиери во следните недели да демонстрираат единство, но не може да ги примора. Да се надеваме дека сепак ќе успее.