1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крај на војната?

17 мај 2009

По 26 години граѓанска војна во Шри Ланка - тамилските бунтвници се предадоа. Владата, засега, не реагира на нивното соопштение.

https://p.dw.com/p/HsAz
Од регионот на борби, според владата, побегнале 63.000 лицаФотографија: AP

Во соопштение на бунтовниците се вели дека тамилските тигри сега се надеваат оти владините сили ќе го прекинат огнот, зашто, во спротивно, нема можност да биде заштитено цивилното население кое е во регионот каде што се водат борби. „Оваа војна стигна до горчливиот крај“, се вели во соопштението, во кое се додава: „Наши луѓе се оние што гинат од бомби, артилериски оган, болести и глад. Донесовме одлука да го замолчиме оружјето“. Претставникот на бунтовниците Селвараса Пантманатан додаде дека на бунтовниците не им останала ниту една друга можност да го заштитат цивилното население кое се нашло во регионот на борби и дека сега би требало да почнат мировни преговори.

Официјален Коломбо не реагира

Владата на Шри Ланка, засега не реагира на ваквото соопштение на бунтовниците и еднострано прогласениот прекин на огнот. Во текот на изминатите недели, раководството во Коломбо повеќепати соопшти дека има намера конечно, по воен пат, да ги порази бунтовниците.

Sri Lanka Präsident Mahinda Rajapaksa verkündet Sieg gegen Rebellen
Граѓаните на Шри Ланка се радуваат по објавата на претседателот за крај на војнатаФотографија: AP

Денеска, безбедносните сили соопштија дека бунтовниците се опколени на површина од само еден квадратен километар и дека им е отсечен пристапот до море. Портпарол на армијата изјави дека, во изминатите 72 часа, од регионот на борбите побегнале околу 63 илјади цивили. Сепак, ваквите наводи на власта не можат да бидат потврдени од независни извори, со оглед на тоа што владата им забрани на новинарите и на хуманитарните организации простап до воената зона.

Претседателот прогласи победа уште вчера

Претседателот на Шри Ланка, Махинда Раџапакса, вчеравечер (16.05.2009), на маргините на една конференција во Јордан, објави дека бунтовниците се поразени. Тој, за вторник најави свој говор во парламентот, што треб ада го пренесува и телевизијата и во текот на кој се очекува да објави конечна победа. Раџапакса на прес конференција во Јордан рече: „Ќе се вратам во земја која е сосема ослободена од варварските дела на тамилските тигри. Оваа слобода доаѓа по три долги децении. Мојата влада и добро организираните хуманитарни операции обезбедија спас на речиси сите цивили.“

Sri Lanka Präsident Mahinda Rajapaksa
Претседателот Раџапакса прогласи победа уште вчера (16.05.2009)Фотографија: AP

Тамилските тигри се обидуваат од 1983 година, со оружје, да добијат сопствена држава за тамилското малцинство на север и исток на земјата. Војната, во изминатите 26 години, однесе 70.000 животи, меѓу кои и голем број цивили.


Автор: Сандра Петерсман /ап

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска