1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крај на ерата на Берлускони

Клаус Даман12 април 2006

Иако Силвио Брелускони сеуште не сака да го признае изборниот резултат,неговите денови како премиер се одбројани:на крајот на април ќе се состане новоизбраниот парламент за првпат,во него опозицијата има мнозинство,иаско тесно.На средината на мај првиот човек на опозицијата Романо Проди веројатно ќе започне со формирањето нова влада.

https://p.dw.com/p/Ae2N
Кој да жали по него?
Кој да жали по него?Фотографија: AP

Човек не би пролеал солзи по најбогатиот човек на Италија,Силвио Берлускони навистина многупати ја злоупотребуваше својата должност,допушташе закони за да и избега на правдата секогаш кога му се закануваше казна поради неговите дубиозни зделки.

Со успех: избегна редица кривични постапки против него,меѓу другото поради корупција и илегално партиско финансирање.Два пати во прва инстанца беше дури и осуден на казна затвор,но потоа ослободен од обвинението.Еднаш на пример навремено успеа да го смени законот кој потоа му овозможи преместување на спорот пред друг суд,кој потоа мораше одново да се зафати со работа.Така доби драгоценно време,додека делото не застаре.Или пак издејствува таква измена во кривичното право,што фалсификувањето на завршната сметка на претпријатијата се третира како полесен прекршок и се казнува само парично.Или пак издејствува краткорочно правен иммунитет за луѓето на првите пет функции во државата,меѓу нив и за себе.

А кој што имаше поинакво мислење од него,Берлускони го критикуваше жестоко.Ако се работеше за новинари во неговата медиумска империја,тогаш ги отпушташе по кратка постапка.Начинот на кој што тој го стави на колена плурализмот на мислењата,се стави себеси и својот клан во средиштето на сите политички случувања и земјата ја турна во најдлабоката стопанска мизерија,потсетува повеќе на деспотите од источна и јужна Европа отколку на демократска држава во западниот свет.

Никакво чудо што врските на Италија со Германија и со другите земји од ЕУ во ерата на Берлускони заладија.Тој и во странство практикуваше вербални испади:незаборавни се нападите против германскиот европарламентарец Мартин Шулц,кого Берлускони рече дека добро може да си го претстави во некој наци-филм во улога на чувар во концентрационен логор.

Берлускони не претставуваше проблем само за ЕУ,со тоа и за Романо Проди,кој беше претседател на Европската комисија.Проди мораше да бара од државите кои сакаат влез во Унијата високи стандарди како правна држава и слобода на мислењето,додека во неговата родна Италија тие стандарди беа редовно прекршувани.

Сега е крај на тоа.А Романо Проди може да се погрижи самиот со ерата на Берлускони да заврши „ерата на законодавецот Берлускони“,значи да исчезнат законите кои тој самиот ги иницираше.

Многу потешко ќе му биде да ја запре стопанската беда која ја наследи од Берлускони.Неговиот сојуз на центарот и левицата сега мора да покаже решителност.Инаку,владата на Проди нема да може да ги совлада овие задачи.