1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крај на „локаутот“ во НБА

26 ноември 2011

Синдикатот на играчите од американската кошаркарска лига од една страна и раководните луѓе на лигата и на клубовите од друга страна најавија дека постигнале нацрт- договор со кој се отвора патот за почеток на сезоната.

https://p.dw.com/p/13HeS
Кошарските возбудувања во НБА можат да почнатФотографија: piture-alliance/dpa

Сезоната во најсилната кошаркарска лига во светот НБА очигледно ќе биде спасена. По 149 дена прекин на сите активности во лигата , сопствениците на клубовите и претставниците на играчите утринава најавија крај на спорот. Меѓутоа постигнатиот нацрт- договор по 15 часовните преговори во Њујорк сега мора да биде одобрен од двете страни.

Dirk Nowitzki Basketball NBA
Дирк Новицки и неговиот Далас Меверикс ќе можат да ја бранат титулатаФотографија: dapd

„Постигнавме преодна спогодба“, изјави претседателот на НБА лигата Дејвид Стерн. Сезоната треба да започне на 25 декември со три натпревари.

Синдикатот на играчите од НБА од една страна и раководните луѓе на лигата и на клубовите од друга страна, спореа околу ограничувањето на вкупните годишни трошоци кои еден клуб може да ги потроши за плата на играчите.

Последен пат во НБА лигата поради штрајк во сезоната 1998/99 екипите со задоцнување го започнаа првенството и одиграа само по 50 натпревари или триесетина помалку од првично предвидените.

Автор:СН/ЖА/афп/ап/дпа/миа

Редактор: Жана Ацеска