1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвава семејна драма во Тексас

26 декември 2011

Седум луѓе убиени во еден стан - крвопролевањето во Тексас е загатка за истрагата, која претпоставува дека се работи за семејна драма.

https://p.dw.com/p/13ZIL
Фотографија: fotolia

Полицијата смета дека сите жртви се роднини и дека меѓу нив се наоѓа и убиецот. Убиството се случило за време на божиќна прослава, соопшти портпарол на полицијата во Грејпвин, Тексас. Пред крвопролевањето, четирите жени и тројцата мажи ги отпакувале подароците за Божик. Покрај жртвите, на возраст од 18 до 60 години, се пронајдени два пиштола, изјави портпаролот на полицијата Роџер Еберлинг. Според него, убиецот се наоѓа меѓу жртвите во станот. „По убиствата, тој извршил самоубиство“, пишува весникот „Далас морнинг њус“.

Полицијата ја пробила вратата од станот, откако оттаму добила итен повик. Телефонот заѕвонил, но на другиот крај на линијата не се јавил никој, соопшти Еберлинг. Станот се наоѓа на задната страна од зградата со апартмани во кварт каде живее средна класа.

Автор: ЕМФ/шпигел/дапд

Редактор: Жана Ацеска