1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвавиот викенд во Ирак продолжува

17 јули 2005

По вчерашниот ден во кој загинаа повеќе од 80 луѓе, денешното утро истотака започна со два самоубиствени бомбашки напади. Тие се случија во главниот град Багдад во близина на полициски пунктови, и во нив загинаа најмалку 4 лица . Инаку во вчерашниот ден беше извршен најтешкиот напад во последниве неколку месеци, со повеќе од 70 загинати.

https://p.dw.com/p/AcDs
Фотографија: AP

Нападот во градот Мусајиб беше извршен од бомбаш самоубиец кој го активираше експлозивот во камион наполнет со гориво , кој го довезол до главниот пазар во градот кој пак се наоѓа во близина на една шиитска џамија .

Според последните информации бројот на загинати во нападот кој бил извршен додека на пазарот и во џамијата се наоѓале голем број луѓе изнесува најмалу 60 . Детонацијата била многу силна а по експлозијата пожар се проширил и на околните куќи.

Мусајиб е град на крајбрежјето на реката Еуфрат во кој живеат и шиити и сунити .

„ Ова е црн ден во историјата на градот “- истакна шефот на полицијата во Мусајиб, Јас Кудир.

Терористичката организација Ал Каеда во Ирак која досега спроведе стотици самоубиствени бомбашки напади во Ирак , ја презеде одговорноста и за атенатаот во Мусајиб . Во соопштение на интернет организацијата најави дека теророрт ќе продолжи:

„Операцијата продолжува како што е планирано , и ги предупредуваме непријателите на Бога дека ќе има нови напади. Ние ги повикуваме нашите муслимански браќа ширум светот да му се молат на Бога да ни ја додели победата“ - стои во соопштението потпишано до Ал Каеда во Ирак со која раководи јорданскиот екстремист Абу Мусаб Ал Заркави.

Инаку нападот во Мусајиб беше најжесток напад во Ирак од мај годинава , кога 60 лица загинаа истотака во атак на бомбаш самоубиец во курдскиот град Арбил на северот од земјата .

И денешното утро во Ирак започна со нови два самоубиствени бомбашки напади. Цели беа полициските безбедносни пунктови во главниот град Багдад : Едниот напад се случил во источниот дел на градот и во него загинале 3 а повредени биле 14 лица , Втората експлозија пак одекнала во јужниот дел на Багдад и во неа загинало едно лице у уште три биле работи.

Самоубиствените бомбашки напади во Ирак многу зачестија, откако власта во земјата во април ја презема првата демократска влада на Ирак составена пред се од претставници на Курдите и Шиитите со оглед дека Сунитите ги бојкотираа првите слободни избори во земјата кои се одржаа на почетокот од годинава .