1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвав напад во Кабул пред американската амбасада

8 септември 2006

Во Кабул утрово се случи најкрвавиот напад досега. Автомобил бомба со голема разорна моќ која експлодираше утринава пред американската при што има многу жртви, меѓу кои и странци

https://p.dw.com/p/Ac3T
Нарушено секојдневието во Кабул
Нарушено секојдневието во КабулФотографија: DPA

Детонацијата се случила утрово на околу стотина метри од американската амбасада во главниот авганистански град Кабул. Тоа место е едно од најфреквентните и најобезбедуваните улици во Кабул. Засега се знае само дека се работи за самоубиствен атентат со автомобил бомба во кој загинале 16 луѓе. Арапската телевизија Ал Џезира јавува дека седум од нив се странци. Бројот на повредени не се знае, а очевидци велат дека на местото на експлозијата се уште гори камиончето со јаболка и грозје меѓу кои бил поставен експлозивот.

Во друг сличен напад во местото Фарад, на југот на земјата, се повредени четворица италијански војници.

Нападите следат само еден ден по објавувањето на најновата видео снимка на Ал Каеда на која се гледа како шефовите на терористичката организација заедно со Осама Бин Ладен ги подготвуваат нападите од 11 септември. И неколку дена од снимките на лидерот на ирачкиот огранок на организацијата кој најави нови напади против САД во странство. По влошувањето на ситуацијата во Авганистан деновиве и командантот на НАТО во Авганистан Генерал Џејмс Џојс побара засилување на меѓународните сили:

“Барањето за засилување не е очајнички повик дека не можеме да се справиме со ситуацијата, туку воен совет за преземање мерки со кои ќе се гарантира успешна акција на теренот”.

Денешниот напад во Кабул се смета за еден од најкрвавиве досега.