1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крејтон – Филе: Западниот Балкан има ЕУ перспектива

БГ/миа27 февруари 2013

ЕУ перспективата останува отворена за целиот регион на западен Балкан, порачуваат ирската министерска за европски прашања Лусинда Крејтон (на фотографијата) и еврокомесарот за проширување Штефан Филе во заедничка колумна

https://p.dw.com/p/17mjY
Фотографија: DW/A. Padori-Klenke

„Проширувањето е клучна политика на ЕУ и не е дел од моменталните проблеми во Европа, туку е дел од решението. Примарна цел е да се зајакне ЕУ. 2013-та е ветувачка во тој поглед. Согласно договореното од земјите членки на ЕУ, Европската Комисија ќе издаде извештаи оваа пролет. Врз основа на овие извештаи, земјите членки на ЕУ, под водство на Ирското претседателство, ќе разгледаат дали е постигнат доволен напредок за отворање на  пристапните преговори со Србија и со поранешната југословенска Република Македонија“, пишуваат Крејтон и Филе.

„Земјите-кандидати треба да бидат свесни за можностите и целосно да го искористат моментумот создаден за проширувањето годинава. Оние што говорат за таканаречената ‘замореност од проширувањето’ треба да разберат дека реална и поголема опасност има во замореноста од реформите“, сметаат Крејтон и Филе.

„Оваа година е полна со можности за проширувањето. Како овие можности ќе бидат искористени е во рацете на кандидатите и потенцијалните кандидати. Ние, во име на ЕУ, можеме да потврдиме дека остануваме посветени на процесот и ќе го одржиме нашето ветување – да ве придвижиме поблиску до ЕУ штом се спроведат потребните реформи и се исполнат критериумите“, велат Крејтон и Филе во заедничката колумна објавена на интернет-страницата на ирското претседателство со ЕУ.