1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кризата во Кенија продолжува

9 јануари 2008

По големите безредија во Кенија поради спорните претседателски избори, се чини ниту меѓународниот притисок нема да придонесе за брзиот крај на кризата.

https://p.dw.com/p/CmoL
Граѓаните на Кенија на протестиФотографија: AP

Надежите за тоа доживеаја удар и поради тоа што претседателот Мваи Кибаки, иако предложи заедничка влада со опозицијата, веќе ја претстави половината од својот владин кабинет:

„Среќен сум што можам да ви го претставам делот на мојот кабинет. Потегот го презедов со намера да се сочуваат единството, мирот и напредокот на земјата„.

Претходно, лидерот на опозцијата Раила Одинга го одби предлогот за формирање влада на националното единство, а сега одбива и преговори со Кибаки:

„Ние нема да одиме во палатата на средба со господин Кибаки, зашто тој е илегално таму. Тоа го знае целиот свет. Значи со Кибаки нема да разговараме„.

Поради претставувањето на половината од новиот кабинет, во Кенија повторно избувнаа протести, посебно во тврдината на опозицијата Кисум и во некои квартови на главниот град Најроби.