1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

040509 USA Protektionismus

8 мај 2009

Во класичната доселеничка земја странците веќе не се добредојдени, оти бараат ртаботни места, а тие во моментов се се’ поретки. Стапката на невработеност изнесува осум ипол проценти.

https://p.dw.com/p/HlsK
Фотографија: AP

„Повторно Американец го загуби работното место“, или „И покрај милиони невработени во САД, владата и натаму во земјата носи поливина милион странска работна сила“, загрижено велат радио-коментаторите. Играта со страхувањата за работното место и со тоа поврзаната егзистенција преокупира многумина Американци и во барањето на виновниците тие им се лутат на странците, кои наводно им ги крадат работните места.

Во моментов во Америка се води вжештена дискусија околу доделувањето визи на странци. Џули Кирхнер е адвокат, се залага за редуцирање на доселувањето и е портпарол на организацијата „Федерација за американска реформа на имиграцијата“. „САД примаат 1,1 милион имигранти годишно. Ние сакаме таа бројка да ја сведеме на 300 до 350 илјади луѓе годишно“.

Кога би ја прашале нејзе, таа би ја укинала посебната виза која на работодавачите им дозволува привремено да вработат странски работници, ако располагаат со квалификации какви што немаат Американците. Во меѓувреме некои фирми објавија дека прво ќе отпуштаат странски работници или веќе нема да примаат пријави за вработување од странци.

Странците носат квалификации и знаење што му помогаат на стопанството

Ausländische Studenten an Fachhochschule Integration Greencard Spezialisten
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Адам Зоја е основач на фирма која посредува кандидати од цел свет за американскиот финансиски сектор. Хистеријата околу визата за него е конструкција подбуцнувана од американските медиуми и политиката. „Американските работодавачи не би вработувале странци ако не постои неопходност од нив. Не е точно дека работодавачите бараат странска работна сила на сметка на американската, оти би било многу поедноставно и поевтино да се вработуваат Американци“.

Јанив Лави, адвокат за доселеници, потсетува на американскиот рецепт за успех, гаранција за напредок и просперитет: „Шеесет и пет илјади доселеници со таква виза, доаѓаат од целиот свет - од Индија, Јапонија, Англија, Израел. Тие луѓе донесуваат квалификации, знаење, информации, технологија и искуство. Тоа му помага на американското стопанство. Тие луѓе носат идеи“.

Автор: Лиа Петридис / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска