Кризата во Украина продолжува
5 април 2007Реклама
Кризата во Украина предизвикана од спорот меѓу претседателот Виктор Јушченко и премиерот Виктор Јанукович продолжува.Премиерот објави дека неговата коалиција нема да се подготвува за нови избори, кои ги распиша претседателот,се додека не добие одговор на жалбата до Уставниот суд.И Парламентот,каде доминира таборот на Јанукович демонстративно ја продолжи работата,иако Јушченко претходно го распушти.Во центарот на главниот град Киев илјадници приврзеници на премиерот бараа оставка на претседателот Јушченко.