1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кризата ги „гони“ Јужноевропејците во Германија

Клаус Даман/Жана Ацеска12 август 2012

Германија малку ја чувствува финансиката криза, таа бележи најмала стапка на невработени млади во ЕУ. Се‘ повеќе луѓе од државите должнички бараат работа во Германија.

https://p.dw.com/p/15oIo
Фотографија: AP

Германската Агенција за вработување констатира јасно зголемување на бројот вработени од Шпанија и Грција, но и од Италија и од Португалија. Во јуни работно место во Германија имале 11,5 проценти повеќе Шпанци и десет насто повеќе Грци, додека кај Италијанците и Португалците порастот не е толку висок.

Раст на најниско ниво

„Самиот пораст не е изненадувачки“, смета Херберт Брикер, експерт за миграции во Институтот за истражување на пазарот на трудот и вработување во Нирнберг.

„Но, мене ме изненадува повеќе тоа што бројките се мали“.

Зашто, севкупно пресметано, од четирите кризни јужноевропски земји се работи за плус од 30 илјади мигранти. За споредба: само бројот доселени Полјаци лани нарасна на 160 илјади, а бројот на Романците дури на речиси сто илјади.

На што се должи ова? Од една страна, на тоа што во Шпанија и во Грција, ако се има работа, се заработува значително повеќе отколку во Полска и во Романија. Експертот за миграциски движења Брикер констатирал „дека висината на платата игра поголема улога при трудовата миграција отколку невработеноста“.

Согласно на тоа, невработените Јужноевропејци очигледно порадо се надеваат на скоро извлекување голема добивка во татковината, отколку што планираат иднина во некоја друга земја во Европа.

Screenshot Make it in Germany
Порталот „Make it in Germany“ -една појдовна точкаФотографија: make-it-in-germany.com

Високи пречки

Или, се сочуваат со искуство, дека и покрај привлекувачките бројки од пазарот на трудот, во Германија не е воопшто лесно да се дојде до работа. Прво им недостасуваат основни познавања на германскиот јазик, неопходни во многу професии. Од друга страна во овие земји постои голем број факултетски образовани лица, кои доаѓаат со големи очекувања и се подготвени да прифатат само соодветна и добро платена работа. Тоа е причина, зошто германските работодавачи често се решаваат против некој кандидат од Шпанија или Грција, истакнува Брикер.

Кај квалификуваните занимања, на пример во занаетчиството или трговијата, постои дополнителна пречка - во многу земји образовниот систем е премногу териски ориентиран и не опфаќа, или само малку, практично искуство. Германија во меѓународни рамки е осамена со дуалниот систем, кој спојува комбинација од училишта за занимања и континуирана обука во фирмите.

Отстапки од двете страни

Така Германија е само ограничено атрактивна за невработените Шпанци и Грци.

„За тоа да функционира во целост, потребни се отстапки на двете страни“, смета Брикер.

Мигрантите треба да ги намалт своите очекувања дека веднаш ќе добијат високо платено работно место, кое одговара на нивните квалификации. Германските работодавачи, пак, треба да се потрудат да ги прифатат и дипломите кои не соодветствуваат на германскиот образовен систем.

Annette Schavan und Wert Ortega Deutsch-Spanische Ausbildungskonferenz
Анете Шаван и Верт ОртегаФотографија: picture-alliance/dpa

Или да се бараат други патишта: во јули во Штутгарт беше одржана германско-шпанска конференција за образование, на која германската министерка за образование Анете Шаван на шпанскиот колега Хозе Игнатио Верт Ортега му вети помош во организирањето дуален образовен систем во Шпанија. Истовремено таа најави слична соработка и со Грција, зашто според Шаван „Германија се сфаќа како мотор во Европа“.

Големиот бран луѓе од Јужна Европа во потрага по работа меѓутоа може да изостане, смета Херберт Брикер. Доселувањето и годинава благо ќе расте, „но, во принцип, веќе сме на неговиот врв“.