1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Криза на цивилизацијата“-Светски социјален форум во Бразил

27 јануари 2009

Бразил повторно е домаќин на најголемата светска средба на цивилното општество, на која околу сто илјади учесници дискутираат за последиците од глобалната финансиска криза, исто како и шефовите на држави во Давос.

https://p.dw.com/p/GhMo
Бројни учесници на форумот во БелемФотографија: AP

Не е случајно што Социјалниот форум се одржува во Белем, главниот град на бразилската сојузна држава Пара, кој лежи во Амазонската област. Алексис Пасадакис од германската организација АТТАК, противниците на глобализацијата и на социјалните и економски нееднаквости:

„Светскиот социјален форум се одржува во регион кој значително е погоден од климатските катастрофи, штетите и последиците овде се очигледни. Втор апсект е што во Амазонската област живеат различни домородни народи, политички добро организирани. А овој Социјален форум треба да понуди платформа за овие маргинализирани народни групи“, вели Пасадакис.

Домородните народи во фокусот

Меѓу учесниците во Белем оваа година има околу три илјади претставници на домородните народи, рекордна бројка досега. Тие инаку се првите жртви на промената на климата и на уништувањето на тропските шуми, кои им отстапуваат место на плантажите со соја, кокос или на полињата со ориз и пченка. Од основањето, во 2001 година, мотото на Светскиот социјален форум гласи: „Можен е поинаков свет“. Противниците на глобализацијата во едно се единствени: за таа цел се потребни нови вредности, оние кои цивилното општество главно го тераат на акција.

Weltsozialforum in Kenia, Nairobi
Од Светскиот социјален форум во Кенија во 2007 годинаФотографија: AP

„Овде се раѓаат нови вредности. Токму домородните народи на Латинска Америка имаат пра-знаења и коцепт за исполнет живот, со кој се надминува потрошувачкото општество. Во Белем тоа силно ќе дојде до израз. Но, не за преку ноќ да се смени светот, туку да започне нова етапа, во која општеството ќе ја земе својата судбина во сопствени раце, а нема да се потчини на трупањето пари, објаснува Франциско Чико Витакер, еден од основачите на Светскиот социјален форум и член на бразилската бискупска конференција. Тој потенцира дека кај учесниците на форумот владее загриженост за денешниот свет:

„Многу од околу две илјади манифестации на форумот оваа година се концентрирани на она што го нарекуваме криза на цивилизацијата, што треба да се реши на други начини.“

Консолидација против глобализацијата

Но, се чини дека еуфоријата со која тој „поинаков свет“ беше поставен на сцената, сега стивнува. Особено оваа година форумот настапува поконсолидирано во критиката кон глобализацијата и во барањето на нови перспективи. Тоа го отвора патот за посилна акција, потенцира Чико Витакер:

„На овoј собир на Светскиот социјален форум постои сумирање на дискусиите од минатите осум години. Крајно, многу од организациите-учеснички ги продлабочија своите анализи и аргументи, што овозможува предлагање патишта за излез и нови реакции на актуелната ситуација. Со тоа тој нов свет му станува уште појасен на целото човештво,“ потенцира Витакер.