1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Криза со струјата, но нема рестрикции

13 февруари 2012

Македонската Влада прогласи електроенергетска кризна состојба во државата, со препораки за штедење, но засега нема рестрикции и најава за зголемување на цената на струјата.

https://p.dw.com/p/142Xa
Фотографија: dapd

Македонскиот вицепремиер Владимир Пешевски и министерот за економија Ваљон Сарачини, на денешната прес-конференција одржана заедно со првите луѓе на МЕПСО и ЕЛЕМ, соопштија дека „одлуката за кризната состојба е заради појава на сериозно нарушување на функционирањето на електроенергетскиот систем и неможноста за негова функционална одржливост, недостаток на електрична енергија во системот проследен со неможност за увоз, екстремно ниски коти на акумулациите заради континуирано неповолните хидромеоролошки услови, како и екстремно зголемување на потрошувачката на електричната енергија поради ниските температури во континуитет“.

До граѓаните е упатен апел да штедат електрична енергија: „Нема простор за паника и загриженост за сериозно нарушување на електроенергетскиот систем, но сите граѓани, домаќинствата и компаниите треба да имаат одговорност“, рече Пешевски.

Дополнителните мерки за штедење на енергијата утврдени од владата опфаќаат исклучување на сите светлечки реклами, сведување на минимум на осветлувањето на улиците, плоштадите и другите објекти, како и забрана за употреба на струја за дополнително загревање.

Владата од денеска до 29 декември го ограничи извозот на електрична енергија од Македонија.

Автор: ЕМФ/миа/макфакс

Редактор: А. Трајковска