1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Криминалната приватизација останува нерасветлена

20 февруари 2011

Во изминативе две децении ривалитетот на партиите и полититчките елити базираше на меѓусебните обвинувања – кој колку крадел општествен имот и како ја оштетитил државата преку прдожбата на најважните компании.

https://p.dw.com/p/Qulv
ЕВН, една од најпрофитабилните приватизирани компанииФотографија: Petr Stojanovski

Според ВМРО-ДПМНЕ, владите на Бранко Црвенковски спровеле криминална приватизација со која во приватни џебови се слеале најмалку три до пет милјарди евра. Сега опозиционерите, главно соцјаледемократи, тврдат дека владејачките гарнитури од дветте влади на Никола Груевски и Љубчо Георгиевски бескруполозно ги обезвредниле, а потоа и со корупција ги продале трите најголеми и во меѓувреме најпрофитабилните компании- Телеком, Електродистрибуција (ЕВН) и Окта. И покај земните политички пресметки, што се засилуваат пред секои избори, во оптек се различни концепти - дали и како да се затворат аферите со разграбувањето на општествениот имот.

Дали делото треба да застари?

Mazedoniens Opposition erringt Sieg bei Parlamentswahl
Обвинувања за „криминална приватизација“ за време на мандатот на ЦрвенковскиФотографија: dpa

Кабинетот на Груевски, покрај агресивните тв-спотови за таканаречените грабежи и демонтажа на приватизираните фирми, направени под „команда" на Црвенквски, се обидува да го тестира јавното расположение за таканаречена „амнестија на капиталот“ што македонските бизнисмени го држат во странство. Дирекорот на Управата за приходи на двапати јавно говори за еднократно и минимално оданочување при враќањето на одлеаните една милјарда евра од странски на домашни банкарски сметки. Од друга страна, соцјалдемократите иницираат уставни промени, што ќе забранат застарување за сите кривични дела или грабеж на капиталот од сомнителните случаи на приватизација и распродажба на државниот имот. Екс-премиерот Владо Бучковски тврди дека од правен аспект, идејата е доста комплицирана, што може да го загрози уставното начело на гарантирана птиватна сопственост. Тој за Дојче веле сепак објаснува зошто неговите сопартијци од СДСМ бараат посеопфатна промена на Уставот, кога станува збор за борбата против криминалот:

„ВМРО-ДПМНЕ се преопкупирани со прашањето што се случувало со приватизацијата во периодот од 1991 до 1997 година, па се прикажуваа телевизиски спотови, во кои се говори за криминална приватизација. Затоа мислиме дека е добро таа тема без пардон да се отоври и со независна судска постапка да се утврди вистината и да се затворат сите прашања кои се поврзани со сомнителните случаи на приватизација", вели Бучковски.

Не смее да се има временско ограничување за прогон на сторителите, кои овие две децении учествувале во ограбувањето на Македонија, изјави за Дојче веле Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи и лидер на владејачкиот Демократски сојуз.

„Може да се најдат законски основи, со што носителите на организираниот криминал или носителите на јавни функции нема да бидат мирни, ќе бидат на штрек дека некој ќе им тропне на врата и праша како и на кој начин го стекнале имотот.“

Амнестијата на капиталот се` уште стои под прашање

Prime Minister Ljubcho Georgievski
И владата на Георгиевски наводно продавала фирми по „багателни цени“Фотографија: AP

Трајанов својот проект наречен ДЕКРИ, со правила за војна против криминалот, му го предаде на премиерот Никола Груевски уште кога тој ја презеде власта. Тогаш предлагаше фромирање на самостојна агенција за борба против организираниот криминал. Трајанов уште нагласува дека нема да има ниту рок на застарување на делото за сите носители на јавни функции, кои се вплеткани во организиран криминал, или, пак, учествувале во сомнителни приватизации или договори за оттуѓување на државен имот.

Владо Бучковски, пак, вели дека СДСМ има подготвено досие од педесетина страници со сите сомнителни и коруптивни транскации, водени од владите на ВМРО-ДПМНЕ. „Во периодот на владеење на таа партија заврши процесот на приватизација по багателни услови, со попуст и до 99 насто. Но, интересно е дека во изминативе пет години имаме трансформација и оттуѓување на аграното или градежното земјиште. Тоа има вредност приближно на вкупниот капитал за веме на оспоруваната и напаѓана приватизација во деведесеттите години“, нагласува Бучковски.

Владата не прифаќа во престојните парцијални уставни промени, да се предвиди да не застаруваат делата од сомнителните приватизации и криминални продажби, кога ќе се пронајдат докази. Таа се` уште нема и официјален став дали да се реализира идејата за враќање на одлеаниот капитал од земјата во времето на транзиција, односно таканаречена „амнестија на капиталот“.

„Пред да се преземе каков било чекор на амнестија на таков капитал, најважната работа е што ќе се прави и за што ќе се користат тие вратени средства. Дали натамошниот развој ќе го базираме врз валкан капитал", праша професорот Узунов од Правниот факултет.

Слаѓана Тасева, пак, универзитетски професор и претседателка на организацијата „Транспарентност - нулта корупција“ истакнува:

"Во непознати патишта, нејасни процедури и под сомнителни околности имаме луѓе кои дома се прикажуваат дека немаат ништо од богатство, а надвор, во странски банки и оф-шор фирми чуваат огромни средства.“

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Трајче Тосев