1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крим се одвојува со ограда од Украина

ЕМФ / дв
28 декември 2018

Договор во последен момент: во источна Украина од утревечер оружјето треба да молчи. Во меѓувреме на Крим се создаваат факти - полуостровот е одвоен од Украина со ограда.

https://p.dw.com/p/3Ait2
Angespannte Lage auf der Krim, Ukraine 03.03.2014
Фотографија: Alexander Nemenov/AFP/Getty Images

Од сабота на полноќ по локално време во источна Украина во сила би требало да стапи примирје. Украинскиот амбасадор на мировните разговори со бунтовниците, Јевген Марчук, изјави: „Нагласивме дека овој прекин на огнот мора да се искористи пред сѐ за поправка на објекти од критичната инфраструктура. За жал, има повеќе вакви оштетени објекти“, нагласи тој и додаде дека Украина се надева многу оти оружјето од утревечер навистина и ќе молчи.

Повеќе:

Азовско море: Украина е во право, но Русија има контрола

 Украина мобилизира резервни сили

Според наводи на ОБСЕ, примирјето не е временски ограничено, односно не е ограничено до православниот Божик на 7 јануари. Таканаречената Контактна група Минск вчера буквално во последна минута успеала да постигне договор за примирје, јави радиото Дојчландфунк.

Ostukraine Zolotoye-5 village Separatisten Ruine
Примирјето треба да се искористи и за поправка на објекти од инфраструктуратаФотографија: picture-alliance/dpa/TASS/A. Russky

Дали ќе има и размена на заробеници, сѐ уште не се знае поради актуелните украинско-руски тензии. Односите се натамошно влошени, а во ноември дојде и до сериозен инцидент во Црното Море. Руската крајбрежна страна во Керчкиот проток пред анектираниот Крим гаѓаше три украински воени бродови. Притоа беа повредени тројца украински војници, а уапсени беа 24-ца.

Повеќе: Кримски конфликт: Што може да стори Германија?

Во меѓувреме, на Крим се создаваат факти, односно полуостровот се изолира од Украина. На Крим е подигната гранична ограда во должина од 60 километри. Портпарол на парламентот на Крим за руската агенција Риа Новости изјави дека тоа било неопходно за да се заштити населението од владата во Киев. Се вели и дека граничната ограда на северот на Крим значително ќе го зголемела нивото на безбедност. Русија го анектираше Крим во 2014 година. ЕУ во таа постапка гледа прекршување на меѓународното право и инсистира на територијален интегритет на Украина.