1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критики за Македонија

12 март 2010

Американскиот Стејт Департмент ја критикуваше состојбата во македонски затвори, застојот во судските реформи и мешањето на Владата во верски прашања.

https://p.dw.com/p/MQnO
Зградата на Стејт ДепартментотФотографија: flickr / NCinDC

Во годишниот извештај за човековите права во Македонија, се оценува дека претседателските и локалните избори минатата година ги исполниле повеќето меѓународни стандарди за демократски избори. Затворите се преполни, а условите според извештаите се нехумани и деградирачки, набљудувачите јавиле и за широкораспространета корупција меѓу затворската служба. Се наведува дека примената на судските реформи и натаму е во застој, а политичкиот притисок и заплашување ја попречуваат ефикасноста на судството. Спорот околу владината поддршка за градење на православна црква на градскиот плоштад во Скопје, според американската влада придонесол за меѓуетничка напнатост и покренал прашања за владино мешање во верски работи.

Автор: БГ/ЕМФ/миа